Синиот кит исто така е наречен и сулфурест, поради жолтите алги кај некои единки. Најголемото животно што постои воопшто, синиот кит достигнува максимална должина до околу 30 метри и неверојатна тежина од околу 170 тони. Тој се среќава сам или во мали групи во сите океани.

kit4Тие се препознаваат по посебен механизам на хранење. Во летото се храни со ситни лушпари во поларните води, а во зима се сели кон екваторот каде што се размножува. Китот со коска во устата ги задржува планктоните и малите лушпари во водата. Коската се состои од две тврди плочи прицврстени на горниот дел од устата. Секоја плоча (долга по 3,6 метри кај вистинскиот син кит) е составена од паралелни крилца со реси, кои постојано се заплеткани, при што формираат сито.

Синиот кит порано бил многу важен за комерцијален лов и неговата популација била прилично намалена. Денес тој е заштитен и се наоѓа на списокот на загрозени видови.