Најлесен начин да се започне со сопствен бизнис е преку преземање фамилијарен бизнис. Фамилијарниот бизнис се дефинира како бизнис кој е во сопственост и е управуван од страна на фамилијата која вработува неколку свои членови. Фамилијарниот бизнис е витална сила во светската економија. Клучен проблем во функционирањето на фамилијарното претпријатие е т.н институционално преклопување на принципите на кои се засновани фамилијата и бизнисот. Примарна улога на фамилијата се општествените односи меѓу членовите, додека економската функција на претпријатието е да понуди производи или услуги и остварување соодветна маса профит. Обидот да се направи рамнотежа помеѓу истовременото создавање голем бизнис и голема фамилија е неможна и залудна. Реакциите на овој став се две дијаметрално спротивни стојалишта, првото се дека се дава приоритет на бизнисот, а се запоставува фамилијата, а второто дека се дава приоритет на фамилијата, а се запоставува бизнисот.

Најчесто важноста и улогата на фамилијарните бизниси во земјите во светот се објаснува со помош на следниве индикатори: 80% од бизнисите во светот се во фамилијарна сопственост; фамилијарните бизниси создаваат 60-90% од невладиниот БДП; фамилијарните бизниси креираат помеѓу 50 и 80% од сите работни места во приватниот сектор; 85% од сите новоформирани бизниси започнуваат со фамилијарни средства; фамилијарните бизниси учествуваат помеѓу 70 и 95% во сите претпријатиа. Во целиот свет фамилијарните бизниси имаат успешна стапка на транзиција која изнесува 30% по генерација, што значи дека при транзицијата од првата на втората генерација стапката на успешност на транзицијата изнесува 30%, од втората на третата генерација стапката изнесува 10%, од третата на четвртата генерација стапката изнесува 3% и од четвртата на петтата генерација успешноста на транзицијата изнесува нешто помалку од 1%. Во дадено време 40% од бизнисите во САД се соочуваат со проблемот на пренесување на сопствеништвото. Менаџмент-сукцесијата го претставува потребното време за подготвување на фамилијарниот сукцесор за лидерство во фамилијарно контролирано претпријатие. Трансферот на лидерската позиција не значи и стабилизација на моќта на сукцесорот. Подготвувањето на сукцесорот за лидерство е процес на социјализација или на развојните аспекти на сукцесијата. Тука, исто така, е вклучено и време за учење. Времето на социјализација треба да му помогне на сукцесорот поуспешно да ја извршува лидерската позиција.

Интересно е мислењето на Ингвар Кампард основач на „Икеа“ за менаџмент-сукцесијата (Икеа – шведска компанија за продажба на мебел по поевтини цени за средна класа на фамилии со проценето богатство од 52,5 милијарди долари во 2004 година, што е повеќе од она на Бил Гејтс од 46,6 милијарди долари). Има три сина од вториот брак, и тоа: Петер-46, Јонас – 43 и Матиас – 41 кои работат во „Икеа“. Во врска со сукцесијата на фамилијарниот бизнис, Ингвар Кампард изјавил:  “Јас се гордеам со моите три сина. Тие се многу паметни. Но, јас не мислам дека кој било од нив е способен да ја води фамилијарната компанија, барем не засега.