Влијанието на менаџерот е пресудно за мотивирање на вработените. Секој менаџер е одговорен во рамките на неговиот авторитет за мотивирање на непосредно подредените. Имајќи го тоа во предвид, S.P. Robbins и M. Coultar даваат сугестии на менаџерот за мотивирање на вработените.

1. Препознавање на индивидуалните разлики

Сите современи теории на мотивација укажуваат дека вработените не се хомогени. Тие се разликуваат по своите потреби, вредности, ставови, личност, перцепција и др. Имајќи ги предвид разликите што постојат, менаџерите треба да ги согледаат овие варијабли кај вработените и врз таа основа да влијаат на нивното однесување.

2. Поврзување на луѓето со работата

Мотивацијата на вработените расте доколку е направен вистински избор на работата за која се ангажираат. Имено, ако  работата се однесува за водење на мал бизнис, треба да се избере човек со силна потреба за остварување. Доколку станува збор за избор на менаџер во голема организација, тогаш треба да се избере кандидат со изразена потреба за моќ.

3. Користење на целите

Вработените треба да имаат тешки и специфични цели, но и повратни информации за тоа колку се успешни во остварувањето на тие цели.

4.  Согледување на целите како достижни

Менџерот мора да ги убеди подредените дека нивното залагање може да доведе до остварување на поставените цели. Тоа значи дека вработените мора да се способни за извршување на работата и да го разберат процесот на оценување на извршувањето како вредноносен и валиден.

5. Индивидуализирање на наградите

Награди кои може  да ја зголемат мотивиацијата на вработените се: плаќање за навремено извршување на работата, самостојноста во работата, можноста за партиципација во поставувањето на целите, партиципација во одлучувањето и др.

6. Наградување врз основа на извршувањето на целите

Клучните награди како зголемување на платата и унапредувањето треба да се даваат врз основа на остварувањето на специфичните цели на вработените. Важно е да се напомене дека менаџерот треба јавно да го спореведе наградувањето, со цел да му даде поголема мотивациска сила  на вработениот.

7. Систем на праведност

Вработените треба да ги согледат наградите и резултатите како соодветни на нивните воложувања во работата. Имено, способноста, залагањето и другите вложувања треба да дадат објаснувања за разликите во платите.

8. Да не се игнорираат парите како мотиватор

Сите истражувања покажуваат дека парите се најзначаен мотиватор за подобрување на извршувањето. Менаџерот треба да има предвид дека на зголемувањто на мотивиацијата на  вработените во најголема мера влијаат зголемувањето на платата врз основа на работниот учинок.