Република Мадагаскар е држава која го зазема островот Мадагаскар, на југоисточниот брег на Африка. Островот е четврти по големина во светот, со должина од 1570км и широчина од 571км. Со Мозамбичкиот Канал е одделен од африканскиот брег. Речиси целото население припаѓа на околу 20 малајско-индонезиски групи. Мадагаскарското високо централно плато се издига до 2 876м на вулканскиот масив Тсаратанана; островот порано бил масовно пошумен, и шумите уште покриваат една четвртина од Земјината површина. Земјоделството доминира во економијата, со главни култури ориз и касава, и продажни култури како што се кафето, зачините и ванилата.

Индонезијците мигрираат во Мадагаскар од 700 год.н.е. Првиот Европеец што го посетил островот бил португалскиот морепловец Диего Дијаз во 1500 г. Трговијата со оружје и робови овозможила развој на кралството Мадагаскар во почетокот на XVII век. Во XVIII век кралството Мерина станало доминантно; а во почетокот на XIX век, со британска помош, тоа ја презело контролата на поголемиот дел од Мадагаскар. Во 1868 година Мерина потпишала спогодба со кој северозападното крајбрежје се става под власта на Франција, а во 1895 година француската војска го зазела островот. Во 1946 година Мадагаскар станал француска прекуморска територија. Во 1970 година ги прекинала врските со Франција, за во 1975 година за да го земе своето денешно име. Новиот устав бил изгласан во 1992 година.