0-6-namirnici-za-pozdrava-kosa-i-pocvrsti-nokti-kafepauza.mk_Доколку сакате вашата коса да постигне брз раст, најдобро е тоа да го направите по природен пат. Постојат различни билки кои можат да делуваат на вашата коса и да ја принудат да расте многу побрзо од нормално, но многу е битно да знаете како овие билки да ги комбинирате.

Овие билки го зголемуваат протокот на крв во главата и така го осигуруваат природниот процес за раст на влакната на главата.

Зелен чај
Зелениот чај е одличен препарат за побрз раст на косата, затоа што содржи антиоксиданти. Можете да го пиете, но и да го користите како дел од вашиот шампон за миење на коса, како лосион или некој друг препарат за коса.

Компир
Косата исперете ја со вода која ќе остане од варењето на компири , а после тоа нанесете го на главата омилениот шампон, и воодушевете се од резултатите.

Масло од грозје
Топлото масло , семенките од грозјето протријте ги во коренот на вашата коса пред да одите да спиете. Тоа правете го по два три пати неделно.

Маска од јајца
Промешајте јајца и 50 грама маслиново улје. Потоа таа смеса ставете ја на вашата коса, косата замотајте ја со фолија и оставете ја да делува смесата 1 саат. После тоа косата измијте ја со некој благ шампон и ставете балсам. Ова практикувајте го  еднаш неделно и вашата коса ќе почне да расте како луда!