Стресот е реакција на организмот, односно одговр на многубројните надворешни дразби. Тој ни дозволува да се приспособиме на промената на условите со кои се стренуваме. Главната функција е да се подготви организмот за брза реакција при опасност.

Стресот може да се појави како со физички, така и со нервно-психички симптоми.Најчести симптоми се: несоница, умор, недостиг на апетитот, страв од иднината, неспособност за концентрација и др.

Како може да се надмине стресот и да се неутрализираат негативните последици од неговото дејство?

1.Направете неколку длабоки вдишувања за намалување на нервозата.

2.Трудете се да дишете полека и да чувствувате како се издувува стомакот при вдишување и се намалува при издишување.

3.Не стискајте заби. Отворете ја устата и развижете го долниот дел од вилицата налево и надесно, за да ги опуштите мускулите.

4.Исправете ги градите, за да дишете полесно.