Колку често вашите родители се жалат на болка во зглобовите? Колку често болката во колената, колковите и грбот им го ограничува шетањето по паркови со своите внуци? Велат дека во зглобовите ја чувствуваат секоја промена на времето, се будат вкочанети и едвај се симнуваат по скали? Ги гледате дека се мачат со едноставни активности како што е држење шоља кафе или ставање конец во игла?
Доколку овие тегоби се секојдневни и кажуваат дека зглобовите им се отечени и им “крцкаат”, доаѓа до сомнеж дека станува збор за остеоартритис – најчестото заболување на зглобовите.

Како да им помогнете?

Причината за настанување на остеоартритис не е доволно истражен. Она што е сигурно е дека тегобите со текот на времето се влошуваат, а лек не постои. Меѓутоа, добра вест е дека истражувањата за остеоартритисот напредуваат. Најновите истражувања, се усмерени во врска со недостаток на витамин К. Големото истражување во 2013 година кое опфатило 1180 пациенти, објавено во списанието American Journal of Medicine, потврдило дека кај личноста која има недостаток на витамин К постои ризик до 60% да заболи од остеоартритис. Снимките од магнетна резонанца покажале дека значајно зголемена оштетеност на ‘рскавицата има кај пациенти кај кои недостасува витамин К. Додатно, една студија покажала дека кај 15% пациенти, кои имале недостаток на витамин К, кои на почетокот немале симптоми, подоцна дошло до развој на остеоартритис. Како заклучок, истражувачката група  го истакнала потенцијалот на витаминот К како едноставна терапија за спречување на остеоартритис, состојба која е честа и сериозно го нарушува секојдневното функционирање.