Сите сме виделе луња. Обично тоа се локални невремиња. Меѓутоа постојат големи луњи што можат да зафатат илјадници квадратни километри. Едни од нив се вика „циклонско невреме“ или „циклон’. Кај циклонот ветровите дуваат кон центарот на областа со низок притисок и тоа спирално.  На северната хемисфера циклоните се движат спротивно од движењето на стрелката на часовникот, а на јужната во насока на стрелката.

Торнадото е всушност, посебен вид циклон. Тој се јавува кога условите што предизвикуваат обична луња се пренаглсени. Воздухот нагло се качува нагоре, а ветрот дува во спротивна насока околу овој воздушен столб што се дига. Така се создава вител, тесен и многу силен. Кога ќе се случи тоа, центрифугалната сила го отфрла воздухот од центарот и во него настанува простор со низок притисок.

Ова јадро на низок притисок дејствува како силен вцицувач и ги вцицува сите предмети преку кои поминува и во тоа е огромната разорна сила на торнадото. Тој може да повлече ѕидови од куќи па тие се рушат како да се од картон. Втората разорна сила на торнадото се силните ветрови што се создаваат на краиштата од вителот и достигнуваат брзина од 450 километри на час, уривајќи на својот пат сѐна што ќе наидат