Човекот обично си замислува дека планините се вечни и непроменливи. Но геолозите велат и кажуваат дека тоа не е точно и дека планините се менуваат и се трошат. Замрзнатата вода ги разбива големите карпи на рабовите од планините, а дождовите,  потоците и пороите ја носат и земјата и парчињата од карпите. Во тек на долгите периоди и насоките на планините се претвораат во ридови, па дури и во рамници. Геолозите ги делат планините спрема начинот на кој настанале.меѓутоа, сите планини настанале после бурни промени на Земјината површина, што главно се случувале пред многу милиони години.

Набраните или венечните планини се состојат од пластови карпи, коишто под голем притисок се свиткале во големи набори. На многу места во таквите планини можат да се видат слоеви од карпи. Пример за набрани планини се Алпите во Европа и Алигенските Планини во Анерика.

Грамадните планини настанале со превртување на Земјината кора. Огромни делови на Земјината површина, цели грамади, карпи, се подигнале и се накривиле. Таква една грамада, долга над 600 километри и широка 130 е планинскиот масив Сиера Невада во Калифорнија.

Вулканските планини се состојат од лава, пепел и згура. Вулканот обично има конусна форма, со кратер на врвот. Во познатите вулкански планини спаѓаат Фуџијама во Јапонија и Везув во Италија. Многу планински масиви настанале на повеќе начини. Карпестите планини истовремено се и набрани и грамадни и вулкански.