Среден век е период од европската историја, кој традиционално датира од падот на Римското Царство  па до почетокот на ренесансата.

escanear0368Во 5-тиот век Западното Римско Царство претрпело намалување на жителите, економската живост, како и големината и важноста на градовите. На ова во голема мера влијаела и драматичната миграција на народите што почнала од 3-тиот век.Во 5-тиот век овие народи, често наречени варвари, создавале нови царства надвор од Западното Царство што се распаѓа. Во следниве неколку века овие неколку кралства го контролирале постепеното соединување на културните и политичките традиции на варварите, христијаните и Римјаните. Најдолготрајните од овие кралства, како она на Франките, ги поставиле основите на подоцнежните држави во Европа. Истото го создал и Карло Велики, најголемиот владетел на средниот век, чиешто владеење било модел за вековите што следувале. Падот на царството на Карло Велики и новиот бран инвезии довело до реструктуирање на средновековното општество.

Од 11-тиот до 13-тиот век го одбележа најважниот дел од средновековната цивилизација. Црквата претрпела реформи што го зацврстиле местото на папапта во црквата и општеството со исклучок на тоа што довело до судири на папата и царот. Растот на населението, појавувањето на класата трговци и развојот на бирократијата во владата било дел од културното и економското заживување во овој период. Во меѓувреме, илјадници витези, го следеле повикот на црквата да се придружат на крстоносните војни.

Средновековната цивилизација го достигнала својот врв во 13-тиот век со појавувањето на готската архитектура, појавувањето на нови религиски редови и експанзијата на учењето и универзитетите. Црквата доминирала со интелектуалниот живот, создавајќи ја схолистикатана св. Томас Аквински. Падот на средниот век резултирал од неуспехот на средновековните национални влади, големиот раскол на папата, критиката на средновековната теологија и филозофија, а економскиот колапс и колапсот на населението предизвикало глад и болести.