Инсомнија

Инсомнијата е една меѓу главните проблеми во денешницата со која се соочуваат околу 10-20% од светската популација, а најмногу постари лица над 60 години.
Инсомнија или “несоница” е поделенa според типот и времетраењето на нарушувањето при спиењето, при:
– Проблеми пред спиење (несоница на почетокот на спиењето), често и постојано будење при спиењето, постојана поспаност и покрај адекватна должина на спиењето (неодморливо спиење).

Клинички манифестации

Пациентите со инсомнија се жалат на неспособност за доволно долго спиење или доволно за да се разбудат со чувство на одмореност и покрај тоа што имаат доволно време посветено на спиење. Недостиг од сон што е резултат на несоодветно време одвоено за спиење не е инсомнија.

Многу пациенти се жалат на спиење после кое, не се чувствуваат одморено. Последиците во текот на денот опфаќаат чувство на премореност или замор или имаат проблем да се концентрираат. Кај лица со инсомнија многу е ретко прекумерно спиење во текот на денот (несоодветни или неконтролирани епизоди на спиење во текот на денот).

Третман

Бихејворалната терапија кај инсомнија може да биде доста ефикасна, но може да одземе премногу време. Препарати за спиење што се издаваат без лекарски рецепт малку може да помогнат.

КОГНИТИВНА БИХЕЈВИОРАЛНА ТЕРАПИЈА
  • Терапија со контрола на стимулусите
    – одење во кревет само кога е сонлив
    – има правилно време на будење независно од траењето на спиењето
    – избегнување дневни дремки
    – одење во друга соба кога не може да се заспие за 15 – 20 минути, читање или некои други мирни активности и враќање во кревет само кога е сонлив.
  • Терапија со ограничување на спиењето
    – да се намали времето поминато во кревет на проценетото вкупно време за спиење (минимум 5 часа)
    – да се зголеми времето поминато во кревет за 15 минути секоја недела кога проценетата ефикасност на спиење е 90%.
  • Релаксациска терапија
    – физичка компонента: прогресивна мускулна релаксација
    – ментална компонента: тренинг на мислите, медитација, хипноза.
  • Когнитивна терапија
    – Учење за избегнување на погрешните убедувања и ставови за спиењето, како што се дека за здравје се потребни најмалку 8 часа спиење ноќе.
  • Едукација за хигиена на спиење
    – Исправување на надворешните фактори што влијаат на спиењето, како прекини од околината (домашно милениче или партнер што ‘рчи), температура на спалната соба, фиксација на часовникот покрај креветот, недостиг од вежбање или вежбање непосредно пред времето за спиење.

Одобрени се и три класи медикаменти (лекови) за третман на инсомнија: бензодијазепините ( на пример, темазепам, 15-30 мг пред спиење; триазолам, 1,25-2,5 мг пред спиење, или естазолам, 1-2 мг пред спиење).