Повеќето жалби во врска со спиење спаѓаат во четири категории, и тоа:
1. Хиперсомнија (прекумерно спиење преку ден),
2. Инсомнија (проблем да се заспие или да се остане заспан),
3. Нарушување на циркадијалниот ритам (биолошки саат) и
4. Парасомнија (комплексно однесување што се појавува во текот на спиењето).

Хиперсомнија типично се манифестира како склоност за заспивање на непожелни и несоодветни места, како на работа, додека се зборува со други или додека се вози. Поспаност поради било која причина може да резултира со нарушување на задржување на вниманието, со лоши а понекогаш и со катастрофални социоекономски последици во училиште, на работа или на патишта.
Најчестата причина за хиперсомнија е намерното лишување од сон поради социјални или економски причини. Намерното лишување од сон може да биде дијагностицирано преку анамнеза или дневник на спиење. Поспаноста поврзана со ненамерно лишување од сон е речиси секогаш поради нарушување на сонот или поради “апнеја при спиење”.

Неколку причини за  прекумерна поспаност преку ден
  • Недостиг на сон
  • Опструктивна апнеја при спиење
  • Нарушувања на деноноќниот ритам и тоа при:
    – нарушување на спиењето при работа во смени или при одложена фаза на спиење.
  • Употреба на лек
  • Синдроми (болести) поврзани со субјективна поспаност, но обично без вистинска поспаност, што може да се потврди со испитување
    – Депресија, Хронична болка или Инсомнија.
Дијагноза

Една од превентивните мерки кои се прават за хиперсомнија е дневник за спиење што се води за период од 2 до 3 недели кој, истиот, може значително да открие вредни информации за субјективната перцепција на пациентот за будноста и спиењето. Една корисна скала е Скалата на поспаност според Епворт која често е употребувана за идентификација на прекумерно дневно спиење и општа поврзаност со други мерки на тенденција (склоност) на спиење.
– Полисомнографија е метод кој ги одредува состојбите на спиење и будност со снимање на движењата на очите. Доколку постои сомневање за нарушување на дишењето предизвикано од спиење, тогаш се употребуваат дополнителни набљудувања како орален/назален проток на воздух, движење на граден кош/стомак, сатурација на хемоглобинот со кислород и др.