Смоквата со маслиновото масло е типична комбинација за приморските краишта, но ако е здраво за луѓето кои живеат во тие средини, зошто не би било здраво за сите останати? Бактериите за варење и неплодноста, се едни од проблемите кадешто овој спој од овошје и масло дава резултати! Некои жени велат дека оваа комбинација им помогнала да добијат деца.

Смоквата е доста благородно овошје од сочните плодови. Некои ја сакаат но некои не. Многу од луѓето ги држат нејзините листови поради карактеристичната градба на листовите кои ги има. Смоквата најдобро успева во топли средини и во континентални средини, а лошо е тоа што е осетлива на ниски температури.

  • Смоквата содржи доста калциум, калиум и цинк, како и А, Ц, Е и К витамини. Сувите смокви се повеќе калорични од свежите и затоа треба да се јадат во одредени количини.

Смоквата го подобрува варењето на храната, помага при хемороиди а допринесува и во намалувањето на холестеролот. Во поглед на содржината на калциум кој е доста значаен, смоквата може да ги замени млечните производи (доколку некој неможе да ги поднесе).

Рецепт за сува смоква во маслиново масло

Ставете суви смокви во тегла, а потоа сипете маслиново масло до врвот на теглата. Затворете ја теглата и чувајте ја така 40 дена, бидејќи на тој начин смоквата многу добро ќе го впие маслиновото масло. После тоа, се јаде по една смоква пред секој оброк. Можеби многу ќе речат дека не е вкусно, но напротив е многу корисно! И, секако пред тоа треба да се води сметка за употреба на чисто и квалитетно маслиново масло, како и квалитетни суви смокви.

  • Овој стар народен рецепт помага при проблеми со желудникот, при хемороиди, во регулацијата на холестеролот, анемија, како и при астма и бронхитис.