Благотворен лук

Белиот, црвениот и црниот лук се доста ефикасни за превенција на рак на дебелото црево, благодарение на нивното антиинфламаторно дејство. При сечење или џвакање на лукот се ослободуваат органско – сулфурски материи кои имаат антиканцерогено дејство. Конзумирањето на главицата на белиот лук дневно е доволна да се спречи оваа тешка болест. Од друга страна, црвениот лук е богат со кверцетин и антоцијаним, моќни антиоксиданси кои освен што спречуваат рак, исто така и срцеви заболувања.

Ленено семе

Жолто или кафено ленено семе е богато со протеини, омега – 3 масни киселини, незаменливи билни влакна, минерали и витамини. Со редовно конзумирање на ова семе постигнува чистење на дебелото црево, елиминирајќи ги штетните материи кои се натрупале во него. Се превенира настанувањето на полипи, се одржува здраво дебелото црево, а благодарејќи на антиоксидансот лигнин се превенира ракот на дебело црево и не само во него туку и во другите органи.

Зелен чај

Овој чај е ефикасен во борбата против многу облици на карцином вклучувајќи и рак на дебело црево. Според истражувањата на пациенти докажано е дека полофенол – Е кој го содржи овој напиток спречува ширење на ракот и размножување на малигни клетки. Група на пациенти кои секојдневно конзумирале зелен чај ги намалиле туморите до 80%. Препорачана доза за луѓе е 4-6 шољи дневно.

Куркума како универзален лек

Доколку на кујната полица сеуште немате куркума, би требало да го набавите овој зачин, кој е познат како универзален природен лек за рак на дебело црево. Ефикасна во превенција и лечење на многу болести, куркумата е одличен борец против канцерот. Неговите состојки имаат антиинфламаторно дејство и делува како антиоксиданс уништувајќи ги клетките на ракот и спречувајќи снабдување на туморот со неопходна крв која им е потребна за опстанок, а при тоа не оштетувајќи ги здравите клетки.

За лечење на карцином помагаат и бројни лековити тревки

Според новите истражувања докажано е дека со чајот од црн кумин, ајдучка трева, жалфија, или мешавини од споменатите билки се спречува ширењето на ракот при тоа не инфицирајќи го здравото ткиво.