Како еден од највлијателните поети и еден од најзначајните писатели на сите времиња се смета Хомер, кој живеел во IX или VIII век пред нашата ера во Јонија. Иако речиси ништо не се знае за неговиот живот, според традицијата тој бил слеп. Древните Грци му ги препишуваат големите епски поеми Илијада и Одисеја.

Денешните научници во основа, се согласуваат дека тој ја составил (но е можно да не ја напишал) Илијада,  која најмногу се базира на усни преданија, додека во најмала рака дал инсипрација за составување на Одисеја. Илијада поставена во текот на Тројанската војна, ја раскажува приказната за гневот на Ахил, додека пак во Одисеја се раскажува за враќањето на Одисеј дома од војна.

Двата епа ја дале основата на грчкото образование и култура класичната доба и останале меѓу најважните поеми на европската традиција.