Фруктозата или овошен шеќер е органска состојка, еден од најпростите шеќери(моносахариди) органска формула C6H12O6.Се среќава во овошјето, медот, сирупите(особено сирупите од пченка) и одредени зеленчуци, особено заедно со својот изомер гликоза.

Фруктозата и гликозата се компоненти на дисахаридната сукроза(шеќерна табла) : хидролизата на сукрозата создава обратен шеќер 50:50 смеса на фруктоза или на гликоза. Најслатка од општите шеќери, фруктозата се користи во храната и во лековите.

Но, да напоменеме дека големо количество на фруктоза во организмот може да предизвика дијабетес и проблеми со варењето и бубрезите, тоа е и главна причина за дебелеење. Фруктозата го зголемува отпорот на организмот кон лептин(хормон на ситост) и така не сме сити и сме гладни целото време. Затоа се препорачува да се намали или отфрли фруктозата од исхраната односно да се внесува во препорачани количини.