Интернетот претставува околина со огромно подрачје на трговија. Размената на добра и услуги преку Интернет, односно Оnline трговијата, овозможува работите да се одвиваат побрзо, животот е побрз отколку што бил некогаш. Со појавата на online олеснувањата, соништата и аспирациите на многу луѓе станале реалност. Луѓето кои што имале неколку предмети за продавање, но не остварувале високи добивки поради спорите процеси, почувствувале олеснување поради појавата на online продажбата.

Илјадници производи се достапни на Web од многубројните продавачи. Најпраодавани категории производи преку Интернет се следните:

  • Компјутерски хардвер и софтвер

Dell и Gateway се едни од најпознатите online продавачи на компјутерски хардвер и софтвер.

  • Електроника

Според Consumer Electronic Association 10 до 15 % од електрониката купувачите ја купуваат online. Како примери може да ги наведеме: дигиталните камери, принтери, скенер, безжични уреди и.т. н.

  • Книги и музика

Amazon и Barnesandnoble се едни од главните продавачи на книги.

  • Здравје и убавина

Разновидни производи за здравје и убавина се продавани online од страна на најпознатите малопродавачи и специјализирани продавници.

  • Облека

Преку костумизација на панталони, маици, па дури и чевли, online продажбата на облека е во постојан пораст.

  • Накит

Следејќи го примерот на оние кои продаваат накит преку ТВ голем број на компании сега продаваат накит online.

  • Автомобили

Продажбата на автомобили преку Интернет започна во 2004 и е во постојан пораст секоја наредна година.

  • Услуги

Продажбата на услужната индустрија, особено на транспортот, банкарството, осигурувањето исто така се во постојан пораст.

Продажбата преку Интенет нуди многу предности за купувачите меѓу кои најзначајни се: побогат избор на производи и услуги, можност за купување во секој момент, купување од било која локација, костумизирани производи и услуги, поефтини производи и услуги, инстант добавување, располагање со многу информации итн.