Герила маркетингот е неконвекционален начин на изведување на промотивни активности со многу мал буџет или остварување на конвекционални цели, како профит и задоволство со неконвекционални методи како што е инвестирање енергија наместо пари. Суштината на герила маркетингот е правилно искористување на „оружјето“ кое планирате да го користите за да ги придобиете потрошувчите. Постојат голем број на тактики во герила маркетингот а ова се најупотребуваните:

  • Рекламни кампањи на чело или глава (Forehead advertising/headvertise)
  • Прикриен маркетинг (Undercover marketing)
  • Маркетинг на обичен поединец (Grassroots)
  • Лажна трева (Astroturfing)
  • Маркетинг на иксуство (Experiential marketing)
  • Амбиентален маркетинг (Ambiential marketing)
  • Маркетинг на присуство (Presence marketing)
  • Необични постери (Wild posting)
  • Алтернативен Маркетинг (Alternative marketing)
  • Маркетинг кампања од уста на уста (Word of mouth marketing)