Доколку се подготвувате за вашето интервју за работа, ова се прашања на кои треба да бидете спремни доколку сакате да оставите добар впечаток пред интервјуерот.

Прашања поврзани со вашето образование

-Зошто сметате дека вашето образование е соодветно за бараната работа?

-Кои се областите во кои вие се чуствувате задоволни и помалку задоволни?

-Зошто сте избрале да студирате на оваа област?

-Зошто сметате дека вашите студии се соодветни за бараната работа?

-Дали  сте ја промениле вашата ориентација за време на студиите? Зошто?

Прашања поврзани со вашето работно искуство

-Кои способности ги имате вие кои ни дозволуваат да веруваме дека ќе можете да придонесете за развитокот на нашата организација?

-Кои се, според вас, потребните квалитети за да се успее во оваа работа?

-Што знаете вие за нашата организација?

-Кои се аспектите на работата која ние ја нудиме кои вас ве интересираат повеќе?…а кој помалку?

-Кои работи сте ги работале?

-Како сте биле вработени?

-Дали има моменти во кои сте работеле под тензија? Опиштете најмалку еден таков момент, и како се снајдовте во таа ситуација?

-Дали сакате да работите сам или во екипа?

-Доколку бидете избрани за работното место кое ве инересира,   што ви било ваш најдобар адут?

-Кои се ваште слаби страни?

-Дали милите дека вашето искуство е соодветно на понудената работа? Зошто?

Прашања поврзани со вашите општи интереси

-Кои странски јазици ги познавате?

-Дали имате способности за работа со компјутер?

-Која литература читате?

-Како го исполнувате вашето слободно време?

-Што правите за да ја задржите добрата писихичка кондиција?