Пандорината кутија е мит изведен во грчката митологија. Во класичната грчка митологија, Пандора била првата жена на Земјата. Зевс (кралот на сите богови) му наредил на Хефест (ботот на уметноста) да ја создаде првата жена. Тој ја направил од вода и земја. На таа жена боговите и дале многу таленти: Афродита ја подарила убавината, Аполон подарил талент за музика, а Хермес подарил моќ за разубедување. Затоа и го добила името Пандора.

Прометеј го украл огнот од рајот и Зевс бил многу лут и сакал да се одмазди. Затоа, тој Пандора му ја претставил на Емпатеј, братот на Прометеј. Пандора со неа имала и кутија за која што имала наредба од Зевс да не ја отвара. Но, нејзината природна љубопитност ја победила строгата наредба на Зевс. Пандора ја отворила кутијата и од кутијата излегле сите лоши работи: тагата, сиромаштијата, болката, болеста и  се прошириле насекаде. Во кутијата останала само надежта. Пандора била длабоко натажена за нејзината грешка и се исплашила дека ќе мора да се соочи со гневниот Зевс. Но, Зевс не ја казнил за стореното.

Еден ден Пандора слушнала некаков глас од внатрешноста на кутијата кој што ја повикувал повторно да ја отвори. Пандора по втор пат ја отворила кутијата и ја поправила нејзината грешка, со тоа што на човештвото му ја дала најголемата награда – надежта.