Дијамантот е најтврдиот елемент што му е познат на човекот. Настанал од набивање на маса од врел течен камен. Ова, според мислењето на научниците, се случило пред стотина милиони години. Во тоа време под површината на Земјата постоела маса од врел течен камен.  Земјата била во првиод период на ладење и во тој процес масата на течниoт камен била изложена на огромна топлина и притисок. Се одиграле извесни хемиски процеси, во кои дошло до формирање на кристализиран јаглерод што го нарекуваме “дијамант”.

Тврдоста и сјајот се две најкарактеристични особини на дијамантот. Тој е, всушност, околу пет пати потврд од корундот, кој по тврдост е веднаш по дијамантот.

Обработката на дијамантот во бесценет камен, поради неговата тврдост е мошне комплицирана работа што бара голема вештина. Прво дијамантот се цепи или дели. За да се расцепи точно по природните линии, најпрво мора да се проучи до ситници.

Потоа се друг дијамант, којшто има остар врв, по тие линии се прави тенок засек, тука се става железно или челично сечило и се задава остар удар. Ако е сторено се како што треба, дијамантот, најтврдиот минерал на светот, веднаш се цепи на два дела во саканата насока.На дијамантите,  исто така, им се врежуваат плоснатини. Тоа се прави на железно тркало што се врти со голема брзина и на чиј раб се става дијамантска прашина измешана со масло. Просечниот брилијант има 58 плоснатини. Сето тоа се прави за дијамантот да добие вистинска форма и сјај.