Што е мозочен удар?

Мозочен удар или (мозочен инфаркт) е изумирање на дел од мозокот поради недоволен доток на крв во тој дел. Ги погаѓа сите возрасти а најчесто се јавува кај лица кои веќе имаат промени во крвните садови (артеросклероза), промени во срцето (тромбоза), хипертензија (зголемен крвен притисок) или аневризми.

Артеросклерозата или тромбите доведуваат до запушување на артериите а хипертензијата ја зголемува можноста така што артеросклеротичната артерија може да пукне. Аневризам претставува ненормално проширен крвен сад а кај лица измеѓу 15 и 45 години е најчеста причина за мозочен удар.

Кај лица после 45 години, најчеста причина е артеросклероза и хипертензија, а кај лица постари од 65 години промени во срцето кои ги прават тромбите (различни облици на срцева инсуфициенција). Бидејќи мозокот управува со сите делови на телото, кога ќе изумре дел од мозочното ткиво се губи и функцијата на различни делови од телото.

Опоравувањето после инфарктот на мозокот зависи од останатото здраво ткиво, општо здравствената состојба на заболениот и животниот стил, што подразбира – начин на исхрана, физичката активност и стресот.

Симптоми

Во зависно од тоа дали артеријата во мозокот се запушила или пукнала, се јавуваат различни симптоми. Во случај да дошло до запушување на артеријата, личноста ќе има губење на функцијата на делови од телото, како што е неподвижност на рацете, нозете, неможност за голтање или губење на помнењето но нема да има болки. Кога станува збор за пукање на артерија, освен губење на функцијата на одредени делови од телото, лицето ќе има и главоболка или ќе повраќа, бидејќи има излиена крв во мозокот. Сите симптоми настануваат брзо и заедно.

Ризик фактори

Причини за оштетување на артерискиот ѕид вклучува:                                                                          

  • Зголемено количесто на холестерол и триглицериди во крвта
  • Висок крвен притисок
  • Чад од цигари
  • Дијабетис
  • Згоеност
  • Намалена физичка активност
  • Прекумерен внес на алкохол
  • Заболување на срцето и крвните садови