Море е водена површина на Земјата, која е во меѓусебна врска со останатите водни површини. Во водата, како и на копното постои голем број на различни видови на флора и фауна.

Морска видра

View of Sea Otters floating in Prince William Sound, Alaska, Southcentral, Fall

Морската видра живее само на северниот дел на Тихи Океан, обично во морските треви. Плива грубо и стапалата и се широки и имаат форма на крилеста перка. Имаат тежина од околу 1 650 килограми. Дебелото сјајно крзно има црвенкаста до темно кафеава боја.

Морска змија

timthumbМорските змии се отровни. Имаат опашка во форма на весло и сплескано тело. Повеќето живеат во крајбрежните појаси и во заливите во Австралија и Азија и често се сончаат во поголеми групи. Еден од видовите кој има жолт стомак живее во Тихиот Океан. Ноздрите кои најчесто се на врвот од носот им се затвораат со залистоци. Морските змии иако се бавни во нападаот, нивниот отров може да биде смртоносен.

Морска крава

marinoman6Морските крави најчесто се среќаваат во плитките води. Тие имаат конусно тело кои завршува со заоблена перка. Долги се околу 2,5 – 4,5 метри и тежат околу 700 килограми. Морските крави живеат поединечно или во мали стада.

 

Морска птица

puffin-1255537_960_720Морските птици имаат црвен клун како сечило, кај кои долниот дел е подолг од горниот. Овие водни птици живеат главно во широки речни устија. Тие се темни во горниот дел од телото и бели во долните делови, лицето и челото, имаат црвени нозе и црни крилја.

 

 

Морски еж

download (1)Морските ежови живеат насекаде. Тие имаат топчесто тело со подвижни, понекогаш и отровни боцки долги 30 см. Устата им е на долната страна на телото, забите им се издадени нанадвор за да стругаат алги и друга храна од камењата. Некои видови копаат дупки за криење во коралите, во камењата, па дури и во железо.