Во морето како и животни постојат и многу видови на растенија. Морското дно е чудесен простор.

Морска лепеза

downloadМорската лепеза најмногу се среќава во плитките води на атланското крајбрежје на Флорида, Бермудите и Западноиндиските Острови. Полипите растат во колонии во форма на рамна лепеза. Секој полип има повеќе групи од по шест пипалки кои ги шири и со нов формира мрежа за ловење планктони. Сите гранки од колонијата се држат на внатрешен скелет. Живите ткива (најчесто црвени, жолти или портокалови) целосно го покриваат скелетот. Колониите кои имаат форма на лепеза обично растат спроти водната струја со што се зголемува можноста за ловење. Сите видови растат до 60 см височина.

Морска трева

GAL176-1200x800Морската трева претставува црвени, зелени или кафеави морски алги кои вообичаено се вкотвени на морското дно или се прикачени на цврста подлога преку кореновидни закачалки чија единствена функција е таа на прикачување, а не на извлекување на хранливи состојки како што тоа вообичаено го прават корените на вишите растенија. Најзабележливите морски треви се кафеавите алги. Исто така, забележани се и мовливи покривки од црвени алги при осека. Морските треви честопати се густи во плитките води. Кафеавите алги кои вообичаено можат да се најдат како морска трева, вклучуваат крупна морска трева која што ги содржи најголемите алги, како и морскиот пиреј. Некои морски треви имаат шупливи пливки исполнети со воздух кои ги држат нивните папратови листови на површината на водата.