Гравитација или тежа е природна појава која им дава тежина на предметите однсоно замислена точка за која се мисли дека е концентрирана вкупната тежина на едно материјално тело. Уште една дефиниција за гравитацијата е дека тоа е привлечна сила помеѓу две тела. Гравитацијата е единствената сила способна да предизвика формирање на планети, ѕвезди и галаксии. Таа е и причината поради која небесните тела се движат по предвидливи патеки.

Бидејќи тежината и масата се пропорционални,точката, исто така, може да се нарече центар на масата, но центарот на масата има потреба за гравитациско поле. Центар на гравитација на едно тело може да е ист со неговиот геометриски центар, особено ако телото е симетрично и е составено од хомоген материјал. Кај асиметрични, нехомогени или шупливи предмети центар на гравитација може да е подалеку од геометрискиот центар или дури во една точка во просторот, надвор од предметот како што е меѓу ногалките на еден стол.