Исак Њутн

Исак Њутн бил роден на 25 декември 1642 година, а умрел на 20 март  1727 година. Тој бил физичар, математичар, астроном и филозоф.  Целиот негов живот го поминал во четири места-родното место Вулсторп, Грантам каде што одел на училиште, Кембриџ каде студирал и работел и Лондон каде што ги поминал последните три децении од неговиот живот. На Универзитетот од Кембриџ студирал математика, историја и филозофија.            3237-na-deneshen-den-najvazhnite-nastani-vo-istorijata-16-april

 Исак Њутн ги дефинирал основните поими во физиката како што се: маса,време, сила,простор и др. Врз таа основа тој ги поставил трите основни закони на движењето. Њутновите закони се три физички закони кои го укажуваат односот меѓу силите кои дејствуваат на дадено физичко тело и движењето на телото.

 Прв Њутнов закон

Првиот  Њутнов закон ја објаснува појавата која се нарекува инерција. Телата кои мируваат или се движат рамномено праволиниски и настојуваат да ја задржат својата положба се додека на нив не дејствува некоја надворешна сила. Затоа, овој закон е познат како Њутнов закон на инерција.

Втор Њутнов закон

Вториот Њутнов закон е закон за движењето кој ја опишува заемната врска меѓу силата приложена на телото и добиеното забрзување на тоа тело.

Во даден инерцијален појдовен систем, забрзувањето што го добива телото е правопропорционално на резултатот од дејствувањето на сите сили приложени на неа и обратно пропорционално на нејзината маса.

Трет Њутнов закон

Третиот Њутнов закон објаснува што се случува со две заемнодејствувачки тела. За секоја сила (примена на сила) се јавува еднаква, но спротивна реакција по насоката. Сила со иста јачина и спротивна насока.

Невидлива сила- гравитација

Еден ден  Исак Њутн седел под јаболкница кога едно јаболко паднало на земјата.Тој сфатил дека постои некоја невидлива сила што ги привлекува предметите да паѓаат на земјата и сфатил дека со таа сила Земјата ги држи морињата и предметите на неа. Таа сила ја нерекол гравитација.

Гравитација или тежа е природна појава кoја им дава тежина на предметите. Гравитацијата е привлечна сила помеѓу две тела.

0 R

Исак Њутн почнал да размислува дека не постои сила која ги турка планетите да се вртат во орбитата. Тој сфатил дека силата на гравитацијата ги спречува планетите да одлетаат во вселената. Ова значи дека тие се обидувале да одлетаат, но биле влечени кон Сонцето.

solarsystem-kQ6--621x414@LiveMint

maxresdefault

Њутн сфатил дека Земјата  со својата гравитација ја влече Месечината кон себе затоа и не одлетува во вселената по права линија. Гравитацијата на Земјата е поголема од таа на Месечината, што значи дека на Месечината нашата тежина би била многу помала, односно шест пати помала од таа на Земјата.