Секое тело во вселената има тежа или гравитација, зошто гравитацијата е сила на привлекување што постои меѓу сите небесни тела во вселената. Гравитационата сила зависи од масата на небесните тела и нивната меѓусебна оддалеченост. На пример, постои сила на привлекување помеѓу тебе и Земјата. Но Земјата е толку огромна во споредба со тебе, што те привлекува. Силата на секое привлекување е твојата тежина, со која ја притискаш Земјината површина. Но на двапати поголема оддалеченост од Земјиниот центар, одошто сега (или 7000 километри во воздухот) би имал само една четвртина од тежината што ја имаш овде на Земјината.

Месечината е огромно тело, но во споредба со Земјината е релативно мала. Таа има 1/81 од Земјината тежина. Затоа нејзината сила на гравитација или привлекување е многу помала од Земјината,  шест пати помала од силата на Земјината тежа. Оттука, кога човек се наоѓа на Месечината, неговата тежина изнесува само шестина од тежината што ја има на Земјата. Ако од Месечинската површина би скокал нагоре, би можел да скокнеш многу повеќе, одошто на Земјата. Сигурно се сеќаваш дека веќе првите астронаути на Месечината изведоа нешто силно за да им покажат на телевизиските гледачи на Земјата колкава е Месечинската тежа.