Рекламирањето на Кока-Кола имало значајно влијание врз американската култура, и токму нејзе често ѝ се припишува „измислувањето“ на новиот изглед на Дедо Мраз т.е. старец во црвено-бел костум; но, иако компанијата навистина го промовираше овој изглед во 1930-тите во нејзините зимски реклами, ваквиот Дедо Мраз бил познат уште пред тој период. Пред Дедо Мраз, Кока-Кола се потпирала на убаво облечени млади жени кои продаваат напитоци. Првата таква реклама на Кока-Кола се појавила во 1895 година каде се појавила младата актерка од Бостон, Хилда Кларк како претставник на Кока-Кола. Во 1941 година, за прв пат се употребило името „Кока“ како официјален заштитен знак за производот, за што наменети биле серија реклами кои информирале дека „Кока значи Кока-кола“.  Во 1970-тите, песната од една реклама на Кока-Кола насловена „Сакам да го научам светот да пее“, во продукција на Били Дејвис, станала многу популарен хит по светот.

Рекламирањето на Кока е сеприсутно, знаејќи дека една од целите на Вудраф е да обезбеди дека секој поединец на Земјата пие Кока-Кола и дека тоа е најпосакуваниот пијалак. Ова е особено дошло до израз во јужните делови на САД, како на пример Атланта, каде што се роди Коката. Некои од телевизиските реклами за Кока-Кола кои оставиле впечаток помеѓу 1960 и 1986 година биле напишани и продуцирани од поранешниот радио ветеран од Атланта, Дон Нејлор, за време на неговата кариера како продуцент во агенцијата за рекламирање “МекКан”. Во многу од овие телевизиски реклами учествувале филмски ѕвезди, спортски херои, и популарни пејачи.

Со цел да го зголеми своето портфолио, компанијата “Кока-Кола” ја купила “Колумбија Пикчрс” во 1982 година. Колумбија обезбедила суптилен публицитет со тоа што ги вклучил Кока производите во многу од своите филмови додека била под власништво на Кока. Сепак, по неколку успеси во тоа време, Колумбија потфрлила, и компанијата и го продала студиото на Сони во 1989 година. Во текот на нејзината долга историја, низ Кока-Кола поминале бројни слогани за реклами, вклучувајќи ги „Паузата што освежува“, „Сакам да му купам Кока на светот“, и „Кока е“. Во 2006, Кока-Кола ги претставила наградите „Моја Кока“, кампања за лојалност на купувачите каде потрошувачите заработуваат виртуелни „поени“ преку внесување кодови на веб страна, специјално означени пакувања на производите на Кока-кола. Овие поени можат да се заменат за бројни награди или да учествуваат во наградни игри.

koka kola holidaysРекламите „Празници се ближат!“ вклучуваат црвени камиони за достава, испишани со името на Кока-Кола и украсени со сијалички што ја осветлуваат целата снежна површина по која минуваат, па така го привлекуваат вниманието на луѓето. Рекламата престанала да се емитува во 2001 година, кога Кока-Кола ги преструктурирала нејзините рекламни кампањи така што рекламите низ светот биле правени локално во секоја земја, наместо во седиштето на компанијата во Атланта, Џорџија. Сепак, во 2007, компанијата ги вратила рекламите откако, како што таа официјално изјавила, многу потрошувачи се јавиле во нејзиниот центар за информации барајќи токму таа да го означи почетокот на Божиќ.

Безалкохолниот алкохол Кока-Кола е еден од најпотрошуваните напитоци во Македонија. Скопската пивара е дел од Кока Кола Хеленик групација која е присутна во 28 земји. Во текот на 2009 година, Кока-Кола од Македонија победила на изборот на најдобра кока произведена во целиот свет за 2008 година, во конкуренција на околу 800 фабрики во 178 земји во светот каде се произведува истата.