Ако во книгите сте виделе слики на маглина или измаглина, големи спирали, витли и облаци, не очекувајте такво нешто да најдете на небото. Измаглините се главно толку бледи што со голо око ретко се гледаат па затоа е потребен телескоп.

Постојат две главни класи измаглини, галатичка и вонгалатичка. Галактичките измаглини се наоѓаат во нашата галаксија (Млечен Пат) и се состојат од прашина и гас. Вонгалактичката измаглина се наоѓаат надвор од нашата галаксија. Тие се состојат, главно, од ѕвезди. Галактичките измаглини има помалку од 2.000. Тоа значи дека повеќето измаглини што ни се познати се наоѓаат вон нашата галаксија. Колку ги има?

Во овој огромен простор надвор од Млечниот Пат можеби ги има милиони. Вонгалактичките измаглини понекогаш се викаат „островски светови“ или „галаксии“. Значи кога некој оттаму би ја гледал нашата галаксија, можеби би ја видел како измаглина.

Вонгалактичките измаглини имаат различни форми. Некои се неправилни или елипсоидни. Најбројни се спиралните.  Спиралите како и нашата галаксија се состојат од голем број ѕвезди, големи гасни облаци и огромни предели од прашина. Оваа измаглина обично во средината има јадро, а оттаму поаѓаат краци што се поддаваат спирално. Спиралната измаглина Андромеда е најблиска до Земјата и преставува најсветла и најголема позната измаглина. Таа зрачи околу 1 500 000 000 пати повеќе светлина, отколку Сонцето!