Магарешка кашлица или пертусис – акутна, многу заразна детска болест и се карактеризира со напад на кашлање проследено со долго, гласно вдишување, кое завршува со исфрлање на слуз и најчесто повраќање.

file11230Оваа болест е предизвикана од бактеријата Bordetella pertussis, прво потсетува на настинка со куса сува кашлица. За една до две недели почнуваат нападите на кашлање. И оваа фаза трае најчесто од четири до шест недели. Сериозните компликации подразбираат бронхопневмонија, асфиксија, напади и знаци на мозочно оштетување. Лекувањето е со антибиотици.

 

Симптоми за појава на магарешка кашлица се:

-Започнува како обична настинка, со течење на носот, умор и понекогаш со малку покачена температура.

-После тоа се јавува кашлицата, обично во напади, со длабока воздишка. Понекогаш децата повраќаат после кашлањето.

Магарешката кашлица е заразна болест, па затоа најдобар начин да се спречи оваа кашлица е навремено вакцинирање на децата според нивната возраст.