Кај долготраен бронхитис придружен со непријатен здив  и обилни исплукувања од устата најкорисно е да се употреби бел лук. Нема да зборуваме многу за тоа што содржи главчето на белиот лук, туку  ќе наведеме што кажува за тој лек професорот Лепер во својата книга (Лечење на бели дробови и туберкулоза):

Белиот лук е препорачан од страна на Др. Леклерк кај бронхитис и од моја страна има веќе 15 години. Мојот прв пациент имаше гангрена – умртвување на белите дробови на три места и беше излечен со тинктура од лук која ја земаше и пиеше. Таа мисла да употребам бел лук ми дојде случајно кога воочив кај еден излечен пациент дека мириса на бел лук после вбризгување на арсеник (какодилат) во вена кој на многумина им е познато дека се дава за појачување на крвта.

Други научници исто така потврдиле:

Исто така проф. Лемиер прикажал еден пациент на Друштвото болнички лекари во Париз, кој е многу поучен случај. Еден пациент кој што беше лекуван два и пол месеци со сите можни средства против гангрена на белите дробови – и без успех, беше излечен за 17 дена со секојдневно конзумирање на тинктура од бел лук по 50 капки. “Може да се тврди ”, вели Професорот Лепер дека од сите средства кои досега се употребуваа за убивање на бацилите(бактериите), белиот лук се покажа како најсигурен. Јас не верувам дека е некој специфичен лек (единствен лек за таа болест), но во секој случај тој дава извонредни резултати.

Лечење со бел лук може да трае со месеци па дури и цела година без да има никаква штета. Др. Е.Мајер исто така смета како и останатите доктори – дека примената на ова средство е повеќе оправдана отколку примена на други средства кои може да влијаат негативно на крвниот притисок. Како белиот лук делува на намалување на крвниот притисок тој може да се примени и кај крварење од заболените бели дробови. Дали тој делува во тој случај на срцето и на крвните садови не е важно, главно е дека делува позитивно. Работејќи во тој правец Др. Е. Мајер добил извонредни резултати и кај долго годишните пушачи кои имаат чести лоши последици од злоупотребата на чадот од цигари.