Примарната цел на Кант е да ги одреди границите и обсегот на чистиот ум. Тој сака да дознае што умот сам по себе може да одреди без никава помош од сетилата.

Тој претставува две важни дистинкции: помеѓу a priori и a posteriori знаење и помеѓу аналитчки и синтетички судови. A posteriori знаење е партикуларното знаење што го добиваме од искуството, a priori е универзално знаење кое е не е зависно од искуството, како знаењето на математика. Во аналитичките судови, концептот на придикатот се содржи и во концептот на субјектот. Во синтетичките судови, концептот на предикатот содржи информации кои што не се содржани во концептот на субјектот, следствено, синтетичкиот суд не информира за нешто, а не дефинира. Најчесто ние ги спојуваме a posteriori знаењето со синтетичките судови, а a priori знењето со аналитички судови. На пример, судот „ сите лебеди се бели“ е синтетички поради тоа што субјектот не е дел од концептот „лебед“ , но тој суд е исто така и a posteriori поради тоа што откриваме дека сите лебеди се бели преку искуство.

Фактот дека ние имам способност за синтетичко a priori знаење укажува дека чистиот ум има способност да познава важни вистни. Но, Кант не ја следи рационалистичката метафизика која вели дека чистиот ум има моќ да ги зграбчи мистериите на универзумот. Тој вели дека поголем дел од тоа што ние го сметаме за реалност е оформено од перцептивниот разум.

Разумот, според  Кант, пасивно не ги прима идеите кои што се добиени преку сетилата, туку тој дава облик на идејата и прави да има смисла таа информација. Ако сите случувања завземаат место во нашето искуство, тоа е поради тоа што разумот ги распределува сетилните искуства во еден временски прогрес, и ако согледаме дека некои случувања предизвикуваат други случувања, тоа е поради тоа што нашиот разумот прави смисла од случувања во причинско последична врска. Тој вели дека нашето искуство се наоѓа во времето и ги почитува сите закони на каузалноста.

Времето и просторот, Кант тврди дека се чисти интуиции на нашата сетилност. Сетилното искуство има смисла само поради тоа што е дел од нашата област за сетилност, ја процесира, ја организира според нашата интуиција за времето и просторот. Овие интуици се изворот на математиката; нашето сетило за броеви потекнува од интуицијата за последователни моменти во времето, од геометријата потекнува ова нашата интуицијата за просторот. Случувањата во времето и просторот немаше да претставуваат ништо, ако ние не ја поседувавме областа на разбирање, која го организира искуството во зависност од концептите, на пример каузалност, го создава принципот за природни науки.

Времето и просторот се конструкции на разумот и може да се прашаме што постои таму, надвор од нашиот разум. Кант вели дека не можеме точно да знаеме. Нашите сетилат реагираат на стимулации кои што доаѓат надвор од нашиот разумот, но ние само имаме знаење за нив во зависност како тие ќе ни се прикажат на нас откако тие бидат испроцесирани од нашата сетилност и разбирање. Канти вели дека ти е поседуваат ствари во себе и дека ние немаме никакво знаење за нивната природа. Тој тука ја прави дистинкцијата помеѓу светот на ноумени  – светот на ствари во себе и светот феномени – светот кој што му се прикажува на нашиот разум.

Тој понатака се насочува кон метафизиката. Метафизичарите се наслонети на областа на Умот, која што не ја одредува формата на нашето искуство на начинот на кој сетилностa и разбирањето го прават, туку тој помага во наоѓа смисла независно од искуство. Грешката што метафизичарите ја прават е тоа што го применуваат умот во внатрешноста на нештата и пробуваат да разберат проблематики кои што се над дофатот на умот. Од таквите обиди најчесто произлегува контрадикторност и конфузност.

Кант ја редифинира улогата на метафизиката со критиката на чистиот Ум. Тој вели дека улогата на Умот е да се разбере себе си, да ги открие моќите и границите на умот. Ние не сме во можност да точно знаеме за нештата кој што се наоѓаат во стварите, но можеме да создадеме почиста слика за тоа што и како ние можеме да ги истражуваме различни области на активност на нашиот разум.