Алкохолизам или алкохолна зависност, е хронична болест позната по потребата по алкохол. Луѓето кои страдаат од ова заболување се познати како алкохоличари. Тие не можат да го контролираат своето пиење дури ниту кога станува директна причина за сериозна штета, вклучувајќи медицински заболувања, брачни проблеми, загуба на работата или сообраќајни незгоди.
Долгорочната употреба на големи количини на алкохол можат да предизвикат сериозни компликации на сите органски системи.

Нервен Систем

– Алкохолот има големи хронични невролошки ефекти. Приближно 10 милиони Американци имаат идентификувани нарушувања на нервниот систем од долготрајната употреба на алкохол. Индивидуалната предиспозиција на овие нарушувања во голема мера е променлива и е поврзана со генетиката, околината, социодемографските карактеристики и полот. Во ЦНС (централниот нервен систем) главен ефект е нарушувањето на когнитивната функција т.е во спознавањето.
Пациентите можат да имаат благи до умерени краткотрајни или долготрајни проблеми со помнењето или пак, појавуваат тешка деменција (оштетување на мозокот што води кон нарушување на менталните процеси) која личи на Алцхајмерова болест.

Кардиоваскуларен Систем

Прекумерен внес на алкохол предизвикува зголемено количество шеќер, холестерол, триглицериди и дебелина, кои се главните ризик-фактори за срцеви заболувања. Прекумерното консумирање алкохол има токсичен ефект врз срцевиот мускул и доведува до негово слабеење.
Најчести компликации од хроничната консумација на алкохол во кардиоваскуларниот систем се кардиомиопатија (болести на срцевиот мускул или срцеви мани), хипертензија (зголемен крвен притисок) и суправентрикуларна аритмија (пореметување во срцевиот ритам).

Црн Дроб

Цирозата поврзана со алкохол е една меѓу почестите заболувања на лица кои злоупотребуваат алкохол, и според статистиките повеќе од 2 милиони луѓе во САД имаат познато црнодробно заболување. Во клиничките манифестации се вбројуваат акутен и замастен црн дроб, хепатитис предизвикан од алкохол при кој акутна форма се јавуваат абдоминална болка, мачнина, повраќање и треска, и алкохолна цироза при која се манифестираат различни симптоми и знаци како жолтица, асцит (поголема количина течност во перитонеалната празнина) и коагулопатија.

Гастроинтестинални заболувања

Хроничната употреба на алкохол предизвикува карциноми во пределот на хранопроводот. Ризикот е зголемен кај лица што пушат тутун и пијат алкохол и пациентите со овие проблеми имаат тешкотии во голтањето, болка во градите, крвавење во желудникот и губење телесна тежина.

Хематопоетичен ситем

Анемија, која доста често се јавува кај пациенти со хронични проблеми поради алкохол, може да биде од повеќе фактори, на пример: губење крв, секундарни заболувања на црниот дроб, нутритивни дефицити). Алкохолот има директен токсичен ефект на коскената срцевина. Се јавува тромбоцитопенија(намален број на тромбоцити) која се манифестира во форма на петехии ( ситни крвави точки) или крвавење. Со самиот прекин на пиење алкохол бројот на тромбоцити се враќа во нормала во рок од 5 до 7 дена. Имунолошката дисфункција поврзана со алкохол, како што е евидентирано со намалено создавање и функција на леукоцитите и намалување на клеточниот имунитет, дава објаснување зошто зависниците од алкохол се со поголем ризик од инфективни заболувања, како што се пневмонија и туберкулоза.
.