Месечината ја обиколува Земјата еднаш за околу 29 дена. Меѓутоа Месечината и Земјата се плимно сврзани, и поради тоа од Земјата секогаш се гледа истата страна на Месечината. Ако сакате да добиете престава за тоа, изведете го следниов опит, испружете ја левата рака и стегнете ја тупаницата. Сега земете нешто топчесто и со молив обележето една линија што ќе го дели предметот на две половини. Замислете си дека тоа е Месечината. Сега сврете ја едната страна на „Месечината“ кон „Земјата“. Држејќи ја постојано истата страна свртена кон „Земјата“, направете околу неа цел круг. Ќе видете не само дека „Месечината“ ја обиколува „Земјата“, туку и дека секогаш ја гледаме едната страна на „Месечината“ свртена кон „Земјата“.

Повеќе научници веруваат дека човекот кога целосно ќе ја испита Месечината и кога ќе дознае сѐ за нејзината друга страна, ќе види дека таа многу се разликува од онаа што можел отсекогаш да ја гледа.