Како можеме воопшто и да замислиме да го снема Сонцето? Зарем тоа нема да трае вечно?
Научниците се занимаваат со ова прашање затоа што и Сонцето е само ѕвезда, па бидејќи и други ѕвезди се менуваат, науката верува дека истото тоа ќе се случи и со Сонцето.
Едно време се сметало дека Сонцето е тело кое што постепено се лади. Просто “согорувало”.
Меѓутоа ако оваа теорија би била точна, тогаш Сонцето би траело само неколку илјади години.
Ако пак тоа не согорува, тогаш што се случува на Сонцето? Денес постојат докази дека енергијата што ја ослободува Сонцето е резултат на атомска трансформација.

Со соединувањето на водородните атоми во усвитетната внатрешност на Сонцето се создава хелиум. Во тој процес се ослободува енергија, која што постојано излегува од внатрешноста на Сонцето на неговата површина. Колку ќе трае ова? Да претпоставиме дека овој досегашен процес ќе продолжи уште 150 милијарди години. Неговиот резултат би бил смалување на Сончевата маса за помалку од 1%! Оттука ни се чини дека Сонцето ќе продолжи да свети и да ја снабдува Земјата со енергија уште многу милијарди години.