Природните минерлани води се дел од културното наследство како во светот така и кај нас. Човекот ги увидел лековитите својства на минерланите води пред неколку илјади години. Хипократ бил првиот кои ги открил корисните ефекти на одредени минерални води. Плини Елдер, познат натуралист кои починал за време на ерупцијата на Везув, ги открил водите на Ферале (Италија) и ја формирал првата класификација на природни минерлани води. Во  16-от век природните минерлани води како што се Спа во Белгија, Вичи во Франција, Ферале во Италија или Аполинарис во Германија, биле прочуени во цела Европа. Токму од овие градови доаѓа потеклото на индустријата на пакувана минерлана вода.  Традицијата е стотици години стара и производството на пакувана вода произлегува од обичај, преку посета на спа градови и желбата на посетителите да продолжат да ја конузмираат вода и дома во својство на медицински извор. Ваква практика на полнење вода од бунарите започнала уште од римско време, кога скапоцени природни минерлани води се носеле во амфори да се излечат пациентите во сите делови на Имеперијата. Практиката понатаму се развивала во 16 век со полнење на минерална вода во земјени шишиња. Првата механичка машина за полнење на минерална вода е измислена  во 1840 год., а постројката за полнење на вода во шишиња се шири низ Европа во текот на 19 век. Ова потрошувачка е една од најбрзорастечките потрошувачки на почетокот на 20 век, кога пакуваната вода почнала да биде широко дистрибуирана како една од главните намирници во продавниците и да служи во рестораните и кафичите како основен пијалок.

Европските законодавци одлучиле да ги заштитат уникатните карактеристики и оргинални својства на природните минерални вода со донесување на Директива за експолатација и маркетинг на природните минерлани води во 1980 година.