Човекот  добива  гас  од  природни  складишта ,на  местата  што  се  викаат  наоѓалишта  на  земен  гас,  а  може  да  го  произведува и  вештачки.  Еве  како  може да  се   произведува   гасот. Цевка  од глина  се полни со јаглена  прашина, се затвора  со глина  и силно се загрева ;од  едниот крај  на  цевката  ќе почне  да излегува  чад. По кратко  време чадот  престанува да излегува.ако сега  на  отворот  на  глинената  цевка му  приближиме  пламен,гасот   што  излегува  ќе  почне  да гори со  светол  и  постојан  пламен. Замислете  си  дека овој  мал  експеримент  е  зголемен повеќе илјади  пати , па ќе  сфатите како се произведува гас од јаглен.

Шкотскиот  инжињер  Вилијам  Мардок во 1792 година  прв  употребил  вештачки  произведен  гас. Тој,всушност, го пречистувал  гасот што се ослободувал при согорувањето  на  јагленот  и го спроведувал  низ цевки за да му  служи за осветлување  во  куќата. Неколку години потоа, Мардок успеал со исто таква постапка да осветли една фабрика во Бирмингем,во  Англија.

Во  Соединетите Американски држави вештачкиот гас за осветлување бил во употреба пред  природниот гас. Во 1812 година Дејвид Мелвил од Њупорт, во државата Род Ајленд, својата куќа ја  осветлил на истиот начин како и споменатиот  Шкотланѓанец, а во 1816 година  по сличен  систем биле  осветлени улиците на градот Балтимор ,во државата Мериленд. Природниот или земниот  гас прв  пат  е употребен во градот Фредонија, во 1812 година.

Денес повеќе се употребува природниот гас,отколку вештачки произведениот,зашто се откриени големи нови наоѓалишта  на земен гас и затоа  што употребата на гасот стана многу разновидна. Исто  така новите,технички  поусовршени цевки или  гасоводи овозможуваат ефикасно да се  поврзат  оддалечените  наоѓалишта на  гас со  големите градови, во кои се употребува гасот.