Како ќе се манифестира клиничката слика кај заболените од туберкулоза зависи од повеќе фактори како што се различни околности и причини, психофизичката состојба на болниот и времетраењето на инфекцијата. Во почетокот симптомите не се карактеристични, но колку болеста зема поголем замав, симптомите се поспецифични. Затоа симптомите што ни ја определуваат клиничката слика се делат на општи и функционални.

Општи симптоми на белодробна туберкулоза:
  1. Замор – Тоа е еден од првите некарактеристични симптоми. Се јавува и при најмал физички напор. Сонот не го одмара болниот туку тој и понатаму чустувуа малаксаност
  2. Температура – Обично се јавува како субфебрилна од 37,1 -37,5 степени целзиусови. Обично се јавува попладне со чуство на топлина.
  3. Ноќно потење или потење во раните утрински часови
  4. Несоница, раздражливост, губење на апетитот, губење на телесната тежина, бледило кое е резултат на интоксикацијата и анемија поради токсичното оштетување на хематопоетскиот апарат.

Околу 5-10% од оние без ХИВ, заразени со туберкулоза,има развивање на активна болест во текот на нивните животи. Спротивно на тоа, 30% од оние кои се инфицирани со ХИВ развиваат активна болест. Туберкулоза може да зарази било кој дел од телото, но најчесто се случува во белите дробови (познат како белодробна туберкулоза). Екстрапулмонални ТБ се случува кога туберкулоза развива надвор од белите дробови. Екстрапулмонално ТБ може да коегзистираат со белодробна туберкулоза. Општи знаци и симптоми вклучуваат треска, ноќно потење, губење на апетит, губење на тежината, и замор.

Функционални симптоми на белодробна туберкулоза
  1. Кашлица – во примарниот облик кашлицата обично е сува и непродуктивна во вид на „поткашлување“. Напади на кашлица со обилен слузаов-гнојаб исплувок обично е знак на каверозна туберкулоза или компликација со бронхектазии
  2. Haemoptitis I Haemoptoe е нај алармантен знак кај болниот од туберкулоза. Кога има каверна со бронхиектатични промени крварењето е често обилно и драматично. Често овие крварења се пропратени со аспирациони бронхопнеумоночни жаришта.
  3. Болка обично се јавува кога има pleuritis и е во вид на бодежи кои се зголемуваат при кашлање и при вдишување.
    4.  Диспнеа се јавува при напор и во мирување.