Царината е данок што се плаќа на стоките при нивното минување на националните граници, вообичаено, од страна на владата на увозната земја. Зборовите тарифа, давачка и царина се користат заемно како термини со исто значење. Вообичаено, утврдена при увозот, царината може да се однесува на сите странски стоки или само на стоките производени надвор од границите на односната царинска унија.

Царината може да се наплаќа директно, на самата граница, или индиректно врз база на презентирање на купопродажната документација или дозвола за увоз на определени количини стока. Примерите за видови царини вклучуваат транзитни царини и увозни или извозни давачки, тие може да бидат наплатени за стоки што ја минуваат границата преплетени кон друга дистинација.

Освен што служат како дополнителен извор на  приходи во државата, царините може да понудат ефикасна заштита на локалната индустрија со зголемување на цените на увезените стоки, кои се во конкуренција со домашните производи. Ваквата практика дозволува домашните производители да наплатуваат повисоки цени за нивните стоки или да капитализираат на нивните сопстевни помали даноци што им овозможува продажба за нивните производи по пониски цени што ќе резултира со привлекување на поголем број на купувачи. Царините често се користат за заштита на „младите индустрии“ или за штитење на старите индустрии кои остваруваат послаби резултати. Понекогаш царините се критикувани за неметнување на скирени трошоци на домашните потрошувачи и дека може да придонесат за храбрење на неефикасноста на домашната индустрија. Царините се предмет на преговарање и спогодби помеѓу нациите.