Змија е безножно животно со долго тело прекриено со лушпи кои се ќерамидесто наредени на него. Змиите спаѓаат во групата на влекачи. Се мисли дека змиите еволуирале од гуштерите, со кои делат некои карактеристики.

Micrurus fulvius fulvuis 2d-LКоралните змии се шарени змии на кои живеалиштата им се во дупки. Вистинските форми се ограничени на новиот свет, претежно во тропските региони, но слични форми се појавуваат во Азија и во Африка. Таинствени и послушни, коралните змии ретко касаат кога се држат, но отровот понекогаш може да убие и човек. Повеќето корални змии за жртви ловат и други змии.

1526071763051Повеќе од 50 видови од најголемиот род Micrurus се наоѓаат од Јужна Америка до Аргентина. Имаат црвени, црни, жолти или бели прстени на нивното тело. Источните корални змии или харлекин змии (Micrurus fulvius) од Северна Каролина и Мисури до североисточно Мексико се долги 76 см и имаат широки линии кои се црвени и црни одделени со жолто.