vrganj За да дознаете кои печурки се за јадење, а кои не се, најдобриот начин е да ги пробате! Што и да ви речат, со какви “методи” за распознавање на печурките да располагате, никогаш немојте да ги пробате печурките. Единствени сигурни печурки се оние што се купуваат во продавниците.
Многу луѓе се уште имаат заблуди за печурките. Некои на пример, мислат дека кога печурките се варат, сребрената лажица, со која се мешаат, ќе поцрнее, ако тие се отровни. Оваа “проба” е погрешна!
Не е точно ни тоа дека постојат некои печурки кои се отровни и ако ги допрете можат да ве отрујат!
Уште една заблуда е и таа, дека печурките со розови плочки под чадорчето не се отровни. Таа се заснова на фактот дека два најпознати вида на печурки за јадење имаат розови плочки, а Amanitas, коишто се отровни, имаат бели плочки. Но разликата помеѓу овие видови секогаш може да се утврди. Покрај тоа, многу печурки за јадење воопшто немаат розови плочки од чадорчето.
Единствена причина што ги прави печурките отровни или дозволени за јадење е нивниот состав, материите што ги содржат, и хемизмот на нивните материи. Утврдувањето на печурките дали се отровни или не се базира на изведување на постапки кои се базирани на хемизам (хемиски постапки) за утврдување на материите што ги содржат печурките, како делуваат на нашиот организам и какви последици нанесуваат!