Огнометот е толку стар, што никој не знае кој прв ја измислил ракетата и кога. Заслугата за пронаоѓањето на „пиротехнката“ и вештината правење на ракети обично им се припишува на Кинезите, зашто тие правеле огномет стотици години пред Европејците.

ognomet4543И старите Грци и Римјани приредувале некој вид огномет. Меѓутоа, ракетите какви што ги знаеме, почнале да се употребуваат дури после пронаоѓањето на барутот и усовршувањето на хемијата како наука.  Основните материјали што се применуваат во изработката на ракети се шалтира, сулфир и дрвен јаглен. Тоа заедно се сомелува во фин прашок, тогаш поради постигнувањето на спектакуларен ефект, во мешавината се ставаат и други материи, како што се оловни нитрати, бариум и алуминиум.

Боите на огнометот, кои толку многу значат во поглед на убавината и ефектот, се добиваат со додавање на различни метални соли, како на пример, стронциум за црвена боја, бариум за зелена, натриум за жолта и бакар за сина.

Еден вид ракета, позната под името „римска свеќа“, се прави на тој начин што на дното на картонската свеќа се затнува со глина или гипс, а над тоа се става слој барут. Потоа доаѓа цврста „топка“ барут што треба само да гори, а не да експлодира. Од околу се става еден слој запалива материја, која во воздухот треба да се распадне во пламен. Потоа доаѓа дебел слој од барут полека што согорува, кој се вика „запалувач“, а потоа уште еден слој барут, па потоа друга топка, со својата запалива метерија, и така со ред. Кога ќе се наполни картонската цевка, од неа се остава да ѕирка запалувачот во мал книжен цилиндар што ја затвора „устата“ на цевката.

Кога овој запалувач ќе се запали, тој го пали првиот, горниот слој на барут полека што гори, кој постепено ја пали содржината на цевката, се до запаливата метерија што ја опкружува топката на самиот врв. Кога и таа топка ќе се запали, барутот експлодира и таа експлозија ја исфрла светлечката топка во цевката. Ова се повторува додека се исфрлат сите топки. За ова навистина е потребна вештина.