Русинот Димитриј Аграков од Вороњеж успеал да ја надмудри баката и сега бара оштета. Тој, служејќи се со банкарски методи, успеал да ги смени ситните букви од договорот за користење на кредитна картичка, и си го намалил долгот, а сега бара оштета од повеќе од 900 000 долари.

Аграков во 2008 година ја прифатил понудата за кредитната картичка од „Тинкоф кредит системс“ но не бил задоволен од понудените услуги и одлучил да ги смени ситните букви од договорот што банката му го пратила. Во измените тој дефинирал камата од 0% без надомест и додал дека купувачот не е должен да го плати надоместокот и трошоците предвидени со правилникот на банката. Изментиот и потпишан договор го испратил во банката, кој бил потпишан и од „Тинкоф кредит системс“ и му била испратена картичката. Две години подоцна банката одлучила да му ја  откаже картичката поради долг од околу 1360 долари.

Судот одлучил во корист на Аграков и морал да врати само 575 долари. Неговиот адвокат одбраната ја засновал на фактот што банката потпишала договор што не го прочитала. Но, Аграков одлучил да ја тужи банката барајќи оштета од 727 000 долари поради непридржување на одредбите на договорот и уште 182 000 долари поради еднострано раскинување на договорот.