image152Илјадници години стаклото било само предмет убав за гледање. Имало вредност како украсен материјал и за правење на скапоцени предмети, а станало покорисно кога некој се сетил дека низ него може да се гледа. Никој не знае кога и како за прв пат е откриена тајната за правње на стакло, иако знаеме дека тоа се употребувало уште од дамнешни времиња. Главните состојки од кои се прави стакло се песок, поташа и вар; тие се топат заедно на висока температура. Бидејќи тие состојки ги има во изобилство во многу краишта во светот, тајната за правење стакло можела да биде откриена во многу земји.

Според една приказна, на старите Феникајци им припаѓа заслугата за тоа откритие. Екипажот на еден нивни брод слегол на устието на некоја река во Сирија. Кога сакале да си зготват ручек, не можеле да најдат никакви камења на кои би го поставиле казанот. Затоа зеле парчиња шалитра (натриумски соединенија) од бротскиот товар. На огнот шалитрата се стопила, се помешала со околниот песок и потекла во форма на течно стакло. Можеби оваа приказна не е вистинита, но Сирија навистина била една од првите земји каде што се правело стакло. А феникиските трговци стаклената стока ја продавале по целото Средоземје.