Начин на трајно бележење фотографии настанува со дејствување на светлината проектирана со леќа во камера на филм или на друг материјал чувствителен на светлина. Фотографијата била развиена во XIX век преку уметничките аспирации на двајца Французи, Нисефоре Ниепсе и Луј- Жак Манде Дагер, чиишто комбинирани откритија довеле до пронаоѓање на првиот комерцијален процес (дагеротипијата во 1837 година).

Како дополна,  двајца Англичани, Томас Веџвуд и Вилијам Хенри Фокс Талбот, патентирале калотипен процес за негатив – позитив во 1839 година, кој станал предводник на современата фотографска техника. На почетокот фотографијата се користела за портрети и за пејзажи. Во 60-тите и во 70-тите години на XIX век, Метју Б. Брејди и Роџер Фентон биле пионерите во воената фотографија и фотожурнализмот. Од самиот нејзин почеток, за фотографијата постоеле два става кои преовладувале: едниот пристап смета дека камерата и нејзините слики треба да бидат верен документ на реалниот свет, додека другиот пристап смета дека камерата, едноставно, треба да биде средство, во најголем дел како и сликарската четкичка, со кое треба да се создаваат уметнички изрази.
Последното значење, познато како пикториализам, преовладувало кон крајот на 90- тите години и низ првата деценија на XX век. Кога фотографите ги обработуваке фотографиите и негативите за да се создадат магливи облици, постепено обработени слики, кои биле слични на уметничките слики. До 30- тите и 40- тите годни на XX век, новиот, пореалистичен стил на фотографија здобил предност, затоа што фотографите како што се Пол Стренд, Едвард Вестон и Ансел Адамс почнале да тежнеат кон остро фокусирани, детални фотографии.

Големиот економски застој и двете светски војни инспирирале многу фотографи, вклучувајќи ги и Вокер Еванс и Доротеј Ланг да бараат документарни содржини, обично фотографии за општествената свест. Инспирирани со таквата работа, многу фоторепортери меѓу кои и Алфред Ејзенштад и Маргарет Бурке- Вајт, исто така, се појавиле во тој период. Во втората половина на XX век, урбаната општествена сцена станала предмет на голем интерес за фотографите, како што се фотографии на славни личности и фотографии за модата. На преминот во XXI век, фотографите ја искористија предноста на дигиталните способности на усовршената фотографска опрема, материјали и техники, областа на фотографијата продолжува неограничено да се шири.