Најдобар начин за превенција и ублажување на напредокот на болеста е умерен и здрав стил на животот. Правилната исхрана, која е одобрена од невролог, и физичка активност која е одобрил физијатар. Редовна и правилна терапија, редовни систематски и закажани контролни прегледи кај општ лекар, невролог, физијатар и кардиолог, како и престанување со пушење цигари го намалуваат ризикот од мозочен удар.
Правилната исхрана треба да биде таква која ќе ја одржува оптималната телесна маса и обезбедување на сите потребни хранливи супстанци во оптимални количини, при што треба да се обрне внимание на внес на холестерол, чија количина не смее да биде поголема од 300мг, а да се зголеми внесот на Омега 3 масни киселини.

Гинко Б невро ја подобрува мозочната активност, концентрацијата и памтењето. Помага при вртоглавица и зуење во ушите, ја подобрува циркулацијата на крвта во главата.
Неопходна е физикална терапија поради враќање на функцијата на одредените делови од телото. Кога ќе се врати нивната нормална функција, потребна е умерена и секојдневна аеробна физичка активност, како што е прошетка, возење велосипед, пливање, доколку е одобрено од лекарот.

Неопходни се редовни систематски и закажани контролни прегледи кај лекар и анализа на глукоза, триглицериди, вкупен холестерол во крвта и негови фракции (добар холестерол HDL и лош холестерол LDL), како и нивниот сооднос HDL/LDL, што го покажува ризик факторот за настанување на инфаркт. Потребни се исто така редовни прегледи кај кардиолог, бидејќи причина за мозочен удар може да биде и тромб во срцето.
Посебно внимание обрнете на самите себеси доколку знаете дека некој од вашето семејство имал инфаркт на срце, ангина пекторис (силна болка во градите) или инфаркт на мозокот.