Жените кои пијат преку 3 шољи кафе дневно можат во голема мера да го намалат ризикот создавање на малиген тумор на дојка, такви резултати покажуваат најновите истражувања во светот.
Поранешните истражувања покажувале сосем спротивни тврдења, жените кои имале позитивна семејна анамнеза кога е во прашање рак на дојка биле советувани да го намалат или комплетно да го прекинат внесот на кафе, вели доктор Јингмеи Ли од Королинскиот Институт во Стокхолм.
Но последните неколку истражувања покажаа дека и до 20% е намален  ризикот на настанување на рак на дојка кај жени кои конзумирале над 3 шољи кафе во текот на еден ден.

Кога се земаат во обзир останатите ризик – фактори, никотин, алкохол, животни услови, годишна возраст, употреба на хормонски терапии, докторката дошла до податоци дека постои и до 55% намален ризик од настанување рак на дојка.
Сепак тоа не значи дека кафето со количината со која е истражувано е лек, ниту било каков конкретен совет од страна на лекарите, барем не засега, но е заклучок од лекарите кои учествувале во испитувањето дека конзумирањето на кафе не дејствува на зголемување на ризикот за променување на клетките во малигни.