Промената на распоредот на елементите во „сложувалка“ од сликата едно квадратче  мистериозно исчезнува или се појавува. Како е можно ова?

Snapshot(2)

Оваа оптичка илузија  ја открил  во 1953 година магионичарот  аматер Paul Curry од Њујорк. Иако, на прв поглед изгледа дека е проблемот од математиката, во овој триаголник нема математички трикови . туку до вакво нешто се доаѓа од несовршенството на човечкото око.

Погледај те како ова квадратче недостасува преку анимацијата:

Со преместување на деловите се добива нов триаголник од кој се губи едно  обоено квадратче !?

Суштината на оваа илузија е во хипотенузата на двата „триаголници“. Погледнете ја подобро хипотенузата , сигурно не сте забележале дека не е иста ниту на првиот ниту на вториот „триаголник“, т.е. нејзиниот наклон  се менува кога се преоѓа од црвениот на синиот триаголник.

Овој „прелом“ за хипотенузата е доволен да се направи разлика во плоштините за точно едно квадратче.

Оваа можеме да го провериме со помош на Питагоровата теорема. Хипотенузта на големиот триаголник(син+зелен)  со димензии 13 и 5 изнесува:

Snapshot(3)

Хипотенузите на црвениот и синиот триаголник се :

Snapshot(4)

Збирот од двете хипотенузи е   Snapshot(5)  ,  што е поголем од хипотенузата на големиот триаголник.

Оваа разлика е мала, но  е доволна да хипотенузата не е права , туку искршена линија.Ова доведува до привидна промена на плоштината  на целата фигура и се појавува „мистериозниот“ квадрат.

Погледнете ја следнава , но послатка  оптичка илузија.

Погледнете ја следната илузија