Југославија е поранешна федеративна држава сместена на западниот централен Балкански Полуостров во Јужна Европа. Меѓу 1929 и 2003 три федерации го носеле името Југославија (Земја на Јужните Словени). Откако балканските војни од 1912-1913 завршиле, турската власт на Балкансиот Полуостров и Австро-Унгарија биле уништени во Првата светска војна, со што се основало Кралството на Срби, Хрвати и Словенци, опфаќајќи ги поранешните кралства на Србија и Црна Гора (заедно со Македноија, која била заземена од Србите), како и Хрватска, Босна и Херцеговина, австриска територија во Далмација и Словенија, како и унгарска земја северно од реката Дунав.

Кралството Југославија, официјално прогласено во 1929 година од страна на кралот Александар I, кое траело до Втората светска војна, опфаќало површина од 247 542 км2. Поствоената Социјалистичка Федеративна Република Југославија опфаќала територија од 255 804 км2 и имала околу 24 милиони жители сè до 1991 година. Заедно со  Србија и Црна Гора, Социјалистичката Југославија вклучувала други републики, кои денес се реорганизирани во независни држави: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово.

“Третата Југославија” , која инаугурирала на 27 Април 1992 година содржела 45% од населението и 40% од територијата од претходната и била составена од Републиките Србија и Црна Гора, кои во 2003 година го отфрлија името Југославија и ја преименува државата во Србија и Црна Гора.