Некои пробелими на прв поглед за луѓето изгледаат многу едноставни, но ако ги претставиме со помош на математиката ќе се изненадиме од добиениот исход. Еден од тие проблеми е и проблемот наречен „Јаже околу светот“. Овој проблем е поставен уште од далечната 1702 година и покажува како нашата интуиција може лесно да не излаже.

Проблемот се состои од следното: „Замислите дека имате јаже обвиткано околу „екваторот“ на една фудбалска топка. За колку треба да се продолжи јажето за да тоа биде 30 cm оддалечено од секоја точка на таа линија екваторот?“

Ако овој проблем го преставиме во реален пример, односно околку нашата Земја, тогаш имате јаже долго приближно 40 075 километри што преставува и со него го обиколувате екваторот на Земјата и се го поставиме истото прашање, колку треба треба да се продолжи јажето за да тоа се подигне за 30 cmнад екваторот на Земјата?

Одговорот ќе Ве изненади, јажето треба и во двата примери да се продолжи за (општо 2πh) односно 60π cm( или околу 188,5 cm) . Ова изгледа доста нереално, но математиката го докажува спортивното.